Штутгарт на Чурлинов ја отвора сезоната во Германија

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов со Штутгарт имаше одлични подготовки откако тимот победи во сите четири пријателски мечеви. Чурлинов добиваше минутажа која одлично ја искористи и постигна два погодоци во овој подготовителен период.

Од денеска за Штутгарт започнува новата сезона, и тоа со меч на гости кај Динамо Дрезден, во првото коло од Купот на Германија. Иако гостин, Штутгарт е фаворит за победа против третолигашот.

Денеска се играат вкупно четири меча од првото коло во Купот на Германија, а за викендов ќе се одиграат уште 26 дуели, што значи дека ќе има возбудувања.

- Оглас -

Најнови вести