Штутгарт не се шегува, го победи Унион Берлин и дојде на само бод од Баерн Минхен (Видео)

Фудбалерите на Штутгарт продолжуваат со одличните игри во Бундес лигата. Тие вечерва на домашен терен го победија Унион Берлин со 2-0 и се доближија на само бод од второпласираниот Баерн Минхен.

Гираси во 19-тата минута го донесе Штутгарт во водство од 1-0, додека конечните 2-0 ги постави Фурих во 65-тата минута.

За екипата на Штутгарт ова беше седми натпревар во низа без пораз во Бундес лигата и речиси со сигурност следната сезона ќе ги гледаме во групната фаза на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести