Штутгарт со геј дресови од 550 евра ќе ја брка првата домашна победа

Екипата на Штутгарт за која игра и нашиот Дарко Чурлинов, е единствена во Бундеслигата која не знае за победа на домашен терен во оваа сезона, а вечерва Швабите ќе се обидат малерот да го разбијат со носење дресови со боите на виножитото, со што клубот сака да даде поддршка за хомосексуалците и се вклучува во борбата против дискриминацијата на различностите.

Наместо традиционалните црвени линии на предната страна, овојпат на дресот ќе ги има боите на виножитото кои се симбол на борбата за толеранција. Ова е дел и од прославата на ослободувањето на логорот Аушвиц на 27 јануари 1945 година.

Многу невини навивачи на Штутгарт од еврејската вера биле мачени и убиени во озлогласениот логор, па клубот сакаше да им оддаде чест. Инаку, изработени се само 1.863 дресови на Штутгарт со боите на виножитото и распродадени се по цена од 79 евра, а на интернет може да се најдат за 300 до 550 евра.

- Оглас -

Најнови вести