Трката за големата награда на Саудиска Арабија е во прекин поради излетувањето на Мик Шумахер во заштитната ограда.
По 14 извозени круга, беше ставено црвеното знаме откако претходно неколку круга се возеше позади безбедносно возило.
Ферстапен пред инцидентот беше на третото место, зад возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.
Тие се одлучија да ги променат гумите во меѓувреме, по што му ја препуштија лидерската позиција на Макс зад безбедносното возило.
Холанѓанецот одлучи да не ги менува гумите, а потоа беше објавено дека трката мора да биде прекината.
Тоа значи дека Макс може да ги промени гумите во периодот додека не се вози, а со тоа и да го задржи првото место по рестартот.
HAAS Mich Schumacher’ın kazasından sonra kırmızı bayrak geldi. #SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/AjUqknBPt3
— hsn_can_shn48 (@HShn48) December 5, 2021