Швајнштајгер: Гвардиола е виновен за слабите резултати на германската репрезентација

Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер изјави дека тренерот Пеп Гвардиола е виновен за падот на германскиот репрезентативен фудбал во последните години.

Германците во 2014 година беа светски прваци, но на наредните два Мундијали, во 2018 и 2022 година, не ја поминаа групата.

„Кога дојде Гвардиола во Баерн во 2013 година, сите мислеа дека мора да го играме неговиот стил на игра со кратки додавања. Некако постепено го загубивме нашиот стил на игра и нашите вредности“, изјави Швајни, кој две години играше за Гвардиола во Баерн.

„Мислам дека во другите земји во Германија гледаа противник кој се бори цело време и може да трча до крај. Во последните 7-8 години ја загубивме силата. Повеќе се фокусиравме на тоа како поубаво да си ја додадеме топката. Тоа е една од причините за лошите резултати“, вели Швајнштајгер, кој беше дел од шампионскиот тим на Панцерите во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести