Швајнштајгер му кажа збогум на фудбалот

Бастијан Швајнштајгер објави дека се простува од фудбалската кариера на 35-годишна возраст по два дена откако со неговиот последен клуб Чикаго не успеа да се пласира во плејофот во МЛС-лигата.

Швајнштајгер играше на 7 големи натпреварувања за Германија во низа, а стана светски првак со „Елфот“ во 2014 година во Бразил.

За Баерн, каде што мина најголем дел од кариерата, одигра точно 500 натпревари и ја освои Лигата на шампионите, пред да се пресели во Манчестер јунајтед.

Познато е дека сопруга на некогашниот германски репрезентативец е екстенисерката Ана Ивановиќ.

- Оглас -

Најнови вести