Швајнштајгер не им донесе среќа на Аѕурите: Се извинувам, Македонија е тврд орев, нека се пази Португалија

Бастијан Швајнштајгер имаше многу комплименти и нескриени симпатии за Македонија по нашата голема победа лани во март против Германија во Дуисбург, а и сега нè пофали за храбрата игра и триумфот против Италија вчера во Палермо со 1:0.

Популарниот Швајни пред мечот објави пост на Твитер со порака, „Напред Италија“, а по мечот „песната“ беше поинаква.

„Во ред, изгледа дека не им донесов среќа вчера. Извини Италија. Македонија ја победи и Германија минатата година. Тоа е цврст тим, тежок за победување. Нека се пази Португалија“, вели поранешниот германски репрезентативец.

https://twitter.com/BSchweinsteiger/status/1507311510632161309?s=20&t=uRlv_WkvkMko61nlJ69VBg

Швајнштајгер, кој е сопруг на српската тенисерка Ана Ивановиќ, лани по победата на Македонија против Германија ни честиташе за големиот подвиг и победа од 2:1 во Дуисбург на 31 март.

Вчера Македонија приреди ново чудо над чудата, првокласна фудбалска сензација со победата во Палермо против Италија со 1:0 и ќе игра финален бараж-меч со Португалија во Порто на 29 март за историски пласман на Мундијал.

Ако победиме уште еден европски првак, ќе играме на Светското првенство во Катар во ноември и декември оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести