7.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Швајцарија го изненади Исланд и дополнително се замрси ситуацијата во групата

Репрезентацијата на Швајцарија одигра нерешено 39:39 во дуелот со фаворизираниот Исланд, во меч од четвртото коло во главната групна фаза на Европското првенство. Исланд беше голем фаворит пред мечот, но Швајцарија е таа која треба да жали што не победи.

Во првото полувреме Швајцарија неколку пати водеше со три разлика (13:10, 14:11 и 16:13), но до крајот на првиот дел Исланд израмни на 19:19. И во второто полувреме Швајцарија водеше со три разлика и тоа во шест наврати, а последен пат таа преднсот ја имаше кога беше 33:30.

Швајцарија водеше и со 38:26, но Исланд во финишот израмни на 38:38, па дури го имаше и последниот напад за победа, но не постигнаа гол и на крајот двете селекции освоија по еден бод.

Исланд сега има пет бодови, додека Швајцарија е со два бода. Вечерва во оваа група се играат уште два меча и тоа Словенија – Хрватска и Шведска – Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести