Швајцарија нема да приреди уште едно изненадување

6925 Швајцарија – Шпанија (18.00 часот)

На ова четвртфинале на ЕП кое се игра во Санкт Петербург, Швајцарија ќе настапи ослабена, без капитенот Џака, кој е суспендиран. Швајцарците приредија изненадување против Франција во осминафиналето, па сега веруваат дека може повторно да направат чудо. Шпанците ја поправија ефикасноста, а ако не дозволат да примат евтини голови како против Хрватска, би требало да се најдат во полуфиналето. Есеноска овие две селекции беа во иста група во Лигата на нациите, двата меча завршија со 0-2 гола (победа на Шпанија од 1-0 и реми 1-1).

Предлог тип: 2 (1.73)

 

6918 Белгија – Италија (21.00 часот)

Во белгиската репрезентација проблем се повредите на Де Бројне и Азар и ако тие не може да играат, Италија ќе биде во предност на оваа средба во Минхен. И Италија и Белгија имаат долги серии без пораз. Аѕурите не загубиле уште од септември 2018 и ретко примаат гол, додека Црвените ѓаволи последен пат загубија во октомври минатата година. На претходното ЕП пред пет години, Италија ја совлада Белгија со 2-0. Во нивните меѓусебни дуели, уште од далечната 1980 година не било нерешено.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.00)

 

5102 Перу – Парагвај (23.00 часот)

Четвртфиналето на Копа Америка стартува со овој дуел на две непредвидливи селекции од јужноамериканскиот континент. Победникот во полуфинале оди на Бразил или Чиле. Парагвај на сите меча или победуваше или губеше, можеби е време првпат да одигра нерешено. Последниот меѓусебен дуел на овие тимови се играше во октомври 2020 година и заврши 2-2. Парагвај уште од 2012 година нема победа на официјален меч против Перу.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.50)

 

7205 Шаповалов – Мареј (18.00 часот)

Канаѓанецот и Британецот ќе го одиграат последниот денешен меч на тенискиот гренслем Вимблдон. Тие никогаш не се сретнале еден против друг. Шаповалов е 12-ти, а Мареј 118-ти на АТП-листата, па според овој податок, Канаѓанецот е голем фаворит и би требало да го добие мечот во три сета. Но, Мареј е некогашен освојувач на Вимблдон и ќе сака да оди што подалеку, иако не е во старата форма. Во првото коло тој загуби еден, а во второто коло два сета. Шаповалов на стартот победи со 3-2, а во третото коло се пласира без игра.

Предлог тип: >37.50 гејмови (1.90)

 

1257 Бохемијанс – Сент Патрикс (20.45 часот)

Сент Патрикс е на делба на првото место на табелата во првенството на Република Ирска, а Бохемијанс е на четврта позиција, со осум бода помалку. Двата тима имаат по 30 постигнати голови во 18 кола. Во претходното коло, Боемите загубија со 0-4. Во мај, Сент Патрикс го доби Бохемијанс со 2-1, а Светците славеа минимално и на последното гостување кај Бохемијанс. Бохемијанс дома има пет победи по ред, од кои четири беа без примен гол.

Предлог тип: 2-4 гола (1.54)

- Оглас -

Најнови вести