Шварцман една и пол година не може да освои сет против Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со убедлива победа од 2-0 (6-3, 6-2) против Диего Шварцман тргна во поход на нов пехар на АТП финалниот турнир кој се одржува во Лондон. Првиот светски рекет експресно го реши аргентинскиот тенисер за помалку од час и 20 минути, дозволувајќи само еден изгубен сервис.

Ова беше трета пресметка меѓу Ѓоковиќ и Шварцман од дуелот во Рим во мај 2019 година, кога Диего последен пат успеа да освои сервис против српскиот тенисер. Инаку Ѓоковиќ ја оствари шестата победа во исто толку дуели против моментално деветтиот најдобар тенисер во светот.

Иако Шварцман изненади на стартот со брејк за 2-1 во гемови, Ѓоковиќ веднаш возврати, па од тој момент сè му одеше од рака на Србинот. Победата ја оствари откако ја искористи третата меч-топка.

- Оглас -

Најнови вести