Шварцман направи чудо во првиот сет, па го елиминира Штруф

Диего Шварцман на чудесен начин се спаси во првиот сет против Јан-Ленард Штруф и потоа го победи германскиот тенисер со 3:0 за пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Аргентинецот имаше негатива од 1:5 во првиот сет и се чинеше дека Штруф сигурно ќе поведе со 1:0, но се случи чудо. Шварцман успеа да спаси шест сет топки и со два брејка да се врати во игра.

Сетот беше возбудлив до крај и во тај-брејкот почна со доминација на 10-тиот носител, но потоа Штруф направи пресврт и имаше сет топка. Во драма се играше до 11:9 во поени, а Шварцман го доби првиот сет и се чини и го скрши отпорот на Германецот.

Потоа ги доби следните два сета со 6:4 и 7:5 и се пласира во четвртфиналето,каде ќе го чека победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Јаник Синер што треба да се игра денеска од 16.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести