Шварцман: Со двете сестри би било убаво, ама повеќе сакам со Венус

Аргентинскиот тенисер Диего Шварцман е активен на социјалните мрежи за време на пандемијата со корона-вирусот, па одговараше на прашање од следбениците. Фановите се интересираа со која од сестрите Вилијамс повеќе би сакал да игра во микс-дубл. Тој ја избра постарата Венус.

„Би било фантастично да играм со двете сестри. Но, Венус на терен е посмирена од Серена, затоа повеќе би ја сакал неа“, рече Шварцман.

Се чини дека Диего која и да ја одбереше, ќе направеше добар избор. Венус, која има 39 години, во двојки има освоено 14 гренд-слем титули, додека во мешани двојки има два гренд-слем трофеи, двата ги освои во 1998 година. Серена, која е една година помлада од нејзината сестра, исто така има 14 гренд-слема во дубл и две во микс.

- Оглас -

Најнови вести