Швед ќе паузира уште неколку недели

Ѕвездата на Химки Москва Алексеј Швед, ќе мора да отсуствува од терените уште неколку недели. Искусниот руски кошаркар уште од ноевмри е вон составот на Химки, требаше да паузира само еден месец откако се здоби со скршеница на прстот, но по последните медицински прегледи утврдено е дека прстот и натаму не е целосно оздравен.

Швед последен пат играше кон крајот на ноември, а откако пропушто голем број на натпревари во домашното првенсто и Евролигата, сега ќе отсуствува и од рускиот Олстар викенд.

Сезонава Швед настапи на само осум натпревари во Евролигата, на кои бележеше просек од 25,3 поени, 7,4 асистенции и три скока по натпревар. По 22 натпревари Химки стои на 11-тото место со учинок од девет победи и 13 порази во континенталното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести