Шведска ги елиминираше Американките во неверојатен пенал рулет решен со ВАР

Светскиот шампион од 2015 и 2019 година, селекцијата на САД, нема да биде првак и на трети женски Мундијал по ред. Денеска Американките предводени од селекторот Влатко Андоновски, загубија од Шведска во драматичното осминафинале, после изведување пенали.

Ова е прво Светско првенство за жени на кое САД нема да освои медал.

Во петтата серија, САД имаше меч топка, но не ја искористи. Клучна беше седмата серија во која најпрвин Американката О Хара погоди статива, а при шутот на Швеѓанката Хуртиг, голманката на САД одбрани, но топката се одби и според ВАР, со целиот обем ја минала гол-линијата. После чекање од неколку секунди, судијата Фрапар доби информација од ВАР собата и покажа дека било гол.

Јунак на Шведска е голманката Зеќира Мушовиќ кој имаше 11 одбрани во регуларниот дел и продолжението. Таа не одбрани пенал, но Американките трипати промашуваа.

- Оглас -

Најнови вести