-1.2 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Шведска ѝ го нанесе првиот пораз на Словенија на ЕП

Дуелот на досега две непоразени селекции на Европското првенство во ракомет, Шведска и Словенија, им припадна на Швеѓаните со 34-31.

Со оваа победа над директен ривал, извојувана благодарение на одлично одиграното второ полувреме во кое даде дури 22 гола, Шведска направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на ЕП.

Во следното коло Шведска игра со Исланд, и ако го добие и тој меч, речиси сигурно ќе игра полуфинале. На Словенците им останува да се борат со Хрватска и Исланд за второто место и да чекаат евентуален кикс на лидерот Шведска.

- Оглас -

Најнови вести