Си дочека да биде стартер за Франција директно на Мундијал и израмни рекорд стар над пола век

Аксел Дизази, десниот бек на Франција, денеска дебитираше за Триколорите и е првиот репрезентативец што го одиграл својот прв меч за оваа земја на Светско првенство по пауза од 56 години.

Пред него идентичен е случајот со Габриел де Мишел, кој дебитираше за Франција на Мундијал, и тоа во 1966 година против Мексико.

Дизази доби неочекувана шанса денеска против Тунис бидејќи Французите веќе се пласирани во нокаут-фазата на СП во Катар, па шанса да играат добија резервите.

- Оглас -

Најнови вести