Си замина инвеститорот, се распаѓа најпознатиот турски тим во Германија

Герамнскиот третолигаш Туркгучу има сериозни проблеми и е пред распаѓање откако изненадувачки се повлече главниот инвеститор и претседател, Хасан Кивран.

Тимот на турската заедница во Германија, стациониран во Минхен, од оваа сезона е третолигаш и имаше големи амбиции, но се случи неочекуван пресврт, па сега виси и судбината на клубот.

Клубот што постои од 1975 година, во минатите две сезони прескокна два ранга на натпреварување и се најавуваше дури и атак на пласман во Втората Бундеслига за оваа сезона.

Но, сега без Кивран, кој дојде во 2016 година како главен спонзор и има заслуги за успесите на Туркгучу, наместо напад на популарната Цвајта, клубот што е формиран од турската заедница во Минхен е пред опасност од згаснување.

 

- Оглас -

Најнови вести