Си замина Мурињо, се врати стариот сјај на Манчестер јунајтед (Видео)

Се врати стариот Манчестер јунајтед и го прегази Кардиф со 5:1, на деби мечот за Оле Гунар Солскјер на клупата на најтрофејниот англиски клуб и на првиот меч без Жозе Мурињо.

Манчестер се врати на стариот добропознат офанзивен стил на игра и таквиот пристап даде плод. Маркус Рашфорд го насмеа Солскјер по само 180 секунди игра со гол за 1:0, а со нов еврогол Андер Ерера најави победа во 29. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=cpGR3O2bxio

Надеж за подвиг за Кардиф се појави во 38. минута кога Камараса погоди од пенал, но со најубавата акција на мечот Марсијал во 41. минута повторно најави дека ова е некој нов, многу поинаков Манчестер јунајтед од тој во ерата на Мурињо.

Џеси Лингард со гол од пенал во 57. минута и со уште еден погодок во 90. минута ја запечати првата победа на Солскјер како кормилар на „црвените ѓаволи“.

- Оглас -

Најнови вести