23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Си замина од Јунајтед, па го тужи клубот поради медицински совети кои му ја уништиле кариерата

Веројатно малкумина се сеќаваат на Аксел Туанзебе, кој беше дел од сите младински генерации на Манчестер јунајтед, а во 2017 година дебитираше и за првата екипа на Црвените ѓаволи.

Сепак, за шест години, колку што беше член на Манчестер јунајтед, собра само 37 настапи, а во 2013 година се пресели во Ипсвич. Сега повторно е во центарот на вниманието, но не од фудбалски причини, туку поради тужбата која ја поднесе против Манчестер јунајтед.

Репрезентативецот на ДР Конго го тужи својот поранешен клуб за погрешни медицински совети кои ги добивал, а кои, според него, му ја уништиле кариерата. Ниту Туанзебе, ниту неговите адвокати не сакаат да откријат за што точно се работи.

Конгоанецот ги мина и сите младински репрезентации на Англија, а Манчестер јунајтед го позајмуваше во Астон вила, Стоук и Наполи, а од зимата е член на Барнли.

- Оглас -

Најнови вести