Сибирската мачка се трка со времето за настап на Австралија опен

Настапот на Марија Шарапова на Австралија опен е неизвесен, по повредата на бутниуот мускул, поради која го предаде мечот во Шенжен.

Повредата доаѓа во незгоден момент за популарната „сибирска мачка„ како што ја нарекуваат и доаѓа на само девет дена пред почетокот на првиот гренд-слем турнир во сезоната.

Шарапова и го предаде мечот на Арина Сабаланке и нејзиниот настап во Мелбурн сега станува сосема неизвесен.

На Австралија опен 31-годишната руска тенисерка имаше забележителни успеси во минатото, одигра четири финалиња и освои една титула.

Во 2008 година во меч за титулата во Мелбурн, Шарапова ја победи Ана Ивановиќ и се закити со вредната круна и тоа само една година, откако во првото финале на Австралија опен загуби од Серена Вилијамс.

Шарапова е една од ретките тенисерки што ги има комплетирано сите четири гренд-слем титули, на Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен.

- Оглас -

Најнови вести