Сигурица на денот за „плус“: Хансен секогаш во полуфинални дуели дава над 10 гола, а сега „границата“ е многу помала

Микел Хансен е главниот адут на данската ракометна репрезентација веќе неколку години. Бекот кој има „топ во раката“ е вистински лидер на Данска и секогаш игра најдобро кога е најпотребно.

Данска денеска за ривал ја има Шпанија во полуфинале од ЕП, а Хансен треба да биде предводникот на својот тим кон финалето. Статистиката покажува дека Хансен секогаш кога игра полуфинале на големо репрезентативно натпреварување, постигнува двоцифрен број голови, а неговата омилена бројка е 12 погодоци (ЛОИ 2016: 10 гола, ЕП 2018: 12 гола, СП 2019: 12 гола, СП 2021: 12 гола, ЛОИ 2021: 12 гола).

Ако се знае овој податок, тогаш „подарок“ на денот е понудата во Sport Life за бројот на голови на Хансен. Границата е на 7,5 погодоци, што значи дека за да биде „плус“ погодоци, Хансен треба да погоди осумпати. Вкупно 30 ракометари ги има на денешната понуда за погодоци и тоа е одлична можност да се направи добитен тикет.

- Оглас -

Најнови вести