Сиксерси покажаа зошто се лидери на Истокот, Јокиќ може и сам (видео)

Филаделфија севентисиксерс ја оствари четвртата победа во низа со која го задржи првото место во Источната конференција, а на нивен терен падна ЛА клиперс со 106:103, кои пак во шестото последователно гостување кај оваа екипа претрпи пораз.

Домаќините го искористија отсуството на Кавај Ленард и сосема заслужено го забележаа триумфот ако се знае дека беа во резултатска предност од самиот почеток на дербито на ноќта во НБА.

Клиперси ја анулираа негативата од -15 поени на само два коша пред стартот на последниот период, во којшто имаше закани за пресврт, меѓутоа не годозволи расположениот Ембид. Центарот на Сиксерс со дабл-дабл учинок од 36 поени и 14 скока издоминира во рекетот, па ниту 37 поени на Џорџ не беа доволни за гостите од Лос Анџелес.

https://www.youtube.com/watch?v=gyRbKVcWszc

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до гостински триумф кај Хјустон со убедливи 128:99. Српскиот центар во три четвртини си ја заврши работата со учинок од 29 поени, 16 скока и 7 асистенции, преземајќи ја одговорноста во отсуство на повредениот Мареј.

Иако му недостасуваа три асистенции за трипл-дабл, Јокиќ немаше потреба да се троши во последните 12 минути во кои воопшто не влезе да игра.

Останати резултати НБА:

Детроит 110:104 Оклахома, Вашингтон 117:115 Њу Орлеанс, Бруклин 130:115 Шарлот, Торонто 113:102 Орландо, Чикаго 115:126 Мемфис, Минесота 119:111 Мајами, Сан Антонио 106:107 Портланд, Далас 109:117 Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести