Силас украл идентитет на друг човек, во Штутгарт велат само нека дава голови

Силас Вамангитука Фунду е емигрант од Конго во Франција, сега настапува за петкратниот шампион на Германија, Штутгарт, а предизвика вистинска афера и има истрага во три земји за лажно претставување.

Името е исто, но Вамангитука е сосема друг човек од тој што настапува за Штутгарт, се сомневаат инспекторите кои ја водат истрагата во Белгија, Франција и Германија.

И велат дека имаат индиции дека Силас всушност е Мвумпа Катомпа и има 21 година, а не како што сега е пријавен со 20 години и со различно презиме.

Во Штутгарт велат дека им е сеедно само Силас нека дава голлови. Досега постигна 4 на 12 меча во популарната германска Цвајта.

„Тој е тивок човек, воопшто не се осврнува на обвинувањата и напорно тренира и добро игра. Само нека дава голови“, велат од Штуггарт.

Во минатото и во посилните европски лиги имаше слични случаи со фудбалери од Африка, кои фалсификувале и документи, но пред се годините за да играат за клубови од Стариот континент.

 

- Оглас -

Најнови вести