Силекс со „минималец“ во Ѓорче Петров, Вардар го „демолираше“ Борец

Фудбалерите на Силекс остварија победа на гостински терен против Македонија ЃП од 1:0 во првиот меч од шестото коло од ПМФЛ. По една голема борба каде што имаше осум жолти и еден црвен картон за домаќините, кратовчани ги „собраа“ трите бода и тоа со голот на Дамјан Масевски во 80-та минута.

Силекс сега стигна до бројката од 14 бода и се искачи на второто место, додека Македонија остана на пет бода.

А ако головите недостасуваа во првата, ги имаше  на средбата во Маџари, каде што на „Борис Трајковски“ Вардар со убедливи 6:0 го победи Борец во рамките на четврттото коло од Втората лига.

Со оваа победа, Вардарци дојдоа до бројката од 10 бода и барем засега ги оправдуваат очекувањата бидејќи имаат скор од три победи и едно реми.

- Оглас -

Најнови вести