Ремито од 1-1 на гостувањето кај Силекс попладнево, за Шкендија значеше губење на два можеби клучни бода во трката за титулата во Првата македонска фудбалска лига. Сега Шкендија има три бода помалку од Вардар, а скопските Црвено-црни утре гостуваат кај Башкими и може да побегнат на големи плус 6 на три кола до крај.
Тетовци поведоа со гол на Ндзенге во 19-та минута, а маките почнаа кога во 71-ва минута Тамба доби втор жолт картон и Шкендија мораше 20-тина минути да игра со човек помалку. Силекс немаше некоја претерана иницијатива ни со играч плус, но во 89-та минута Александар Мишов постигна гол кој ги шокираше гостите.
Силекс и Шкендија може месецов да играат меѓусебе уште еднаш и тоа во финалето на Купот на Македонија, секако ако се пласираат во мечот за вредниот пехар, а фаворити се во своите полуфиналиња.
Македонија Ѓорче Петров со 4-0 го победи Шкупи. Лавовите имаат две победи по ред и моментно се трети од долу, место кое води во бараж зза опстанок.

