Силен ветер од Копенхаген го нокаутира турскиот првак, во четвртфиналето во Европа Лигата ќе игра и Шахтар

Јонас Винд одигра брилијантен меч и за 21-годишниот напаѓач на Копенхаген решение немаше турскиот првак Басакшехир, па данскиот тим со победа од 3:0 се пласира во четвртфиналето на Европа Лигата.

Таму ќе игра и Шахтар по новата победа вечерва против Волфсбург во Киев со 3:0, откако Украинците победија во Германија со 2:1.

Винд, или во превод ветер ја продува одбраната на новиот турски шампин Басакшехир, која беше немоќна да му се спротивстави на младиот напаѓач на Копенхаген.

Им даде два гола, во четвртата и во 52. минута од пенал, а потоа и му асистираше на Расмус Фалк за убедлива победа од 3:0, со што данскиот тим ја анулираше негативата од 0:1 од првиот меч.

Во Киев имаше три гола во последните пет минути и две исклучувања, а повторно поуспешен беше Шахтар.

Со головите на Мораес, кој погоди двапати и на Соломон, постигнати од 89. до 93. минута екипата од Украина повторно беше подобра од Волфсбург. Екипата од Украина ќе патува за Германија на завршницата од Европа Лигата, а веројатно ќе играат против Базел, екипа која утре на свој терен ќе ја брани големата позитива од 3:0 против Ајнтрахт Франкфурт.

Противник на Копенхаген ќе биде Манчестер јунајтед, екипа што вечерва игра само ревијален реванш-меч со ЛАСК, откако победи во Линц со 5:0.

- Оглас -

Најнови вести