Симеоне е разочаран: Имам 17 голови во Серија А годинава, а никако да добијам повик за Аргентина

Џовани Симеоне игра одлично во оваа година, најпрвин за Верона а сега во дресот на Наполи. До сега тој во 2022 има постигнато 17 погодоци во Серија А, но и покрај тоа тој не е повикан за репрезентацијата на Аргентина.

„Сакам да бидам дел од тимот на Аргентина на СП, но досега немам повик и покрај тоа што имам постигнато 17 погодоци во оваа година во Серија А.

Се надевам дека еден ден ќе има место и за мене во националниот тим“ изјави Симеоне.

Популарниот Џио во Наполи дојде од Верона во трансфер вреден 3.5 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести