Тренерот на Атлетико Мадрид, аргентинскиот стратег Диего „Чоло“ Симеоне, пред вечерашното гостува кај Реал Мадрид, вели дека ќе победи тимот кој подобро ќе ги контролира своите емоции, бидејќи градско дерби е полно со емотивен набој.
„Не го гледам Реал како тим кој загубил на претходниот меч. Го гледам општо целиот нивен потенцијал, а тие се една од најдобрите екипи на светот. Во фудбалот не се живее во минатото, туку се гледа денешницата и наредниот меч. Нема да го анализирам моето минато на дуелите со Реал или европскиот Суперкуп кој беше само еден дуел. Дербито е меч со големи емоции, меч за вистински мажи“ – изјави Симеоне.
Симеоне на лигашките гостувања кај Реал се чувствува пријатно. Првиот пат загуби со 2:0 во 2012/2013, но од тогаш, веќе не знае за пораз. Има три минимални победи и две ремија. Многу полош му е билансот на домашен терен. Во сите натпреварувања, Симеоне против „кралскиот клуб“ има 9 победи, 9 нерешени и 9 порази.