Барселона и Атлетико Мадрид вечерва играат дерби од шпанската Ла Лига за приклучок кон врвот, според формата во предност се гостите, но традицијата е на страна на домашните.
Барселона на свој терен нема пораз од Атлетико уште од февруари 2006 година. „Камп Ноу“ е тврдина која Атлетико со Диего Симеоне како тренер ја нема освоено, а вечерва Јорганџиите не гостуваат на најголемиот стадион во Европа од кој имаат комплекс, туку на олимпискиот „Луис Компани“ и може подобро ќе се снајдат.
Атлетико сезонава игра многу ефикасно (45 гола на 18 меча), но со Симеоне имаат очаен скор против Барса (само пет победи на 34 меѓусебни дуели во сите натпреварувања). А, интересно е дека со Симеоне кога ја победувале Барселона (на два меча во Мадрид), Атлетико на крајот на таа сезона станувал и првак на Шпанија.