3.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Симеоне се чуди: Како може Рафиња да не ја освои Златната топка

Атлетико Мадрид ја прекина серијата од сеудм порази откако синоќа загуби на „Камп ноу“ од Барселона со 3:1. Јорганџиите добро го започнаа мечот и први постигнаа гол, но Барселона до крајот на средбата направи целосен пресврт и каталонскиот гигант се радуваше на победата.

Брселона сега има 37 бода и останува цврсто на првото место на табелата, додека Атлетико Мадрид остана на 31 бод и е на четвртото место. По мечот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, не беше премногу разочаран од поразот и имаше пофални зборови за своите играчи.

„Многу сум задоволен од играта на тимот. Добро го започнавме натпреварот, а потоа успеаја да нè пробијат низ средината. Барселона го започна второто полувреме малку подобро, но по дваесет минути ја презедовме контролата врз играта. Имавме три одлични шанси кои не ги искористивме. Но, сепак сум среќен“, рече Симеоне, а потоа додаде:

„Знаеме дека играчите на Барселона се одлични во додавањата. Тие се многу добри во тоа и така ги постигнаа првиот и вториот гол. На полувремето разговаравме за тоа да не им дозволиме да играат низ средината и се подобривме во тој поглед. Ми се допадна ставот на тимот кон крајот на натпреварот. Да, не победивме, но ми се допадна играта. Смирен сум, загубивме од силен противник и тоа ќе ни помогне да се подобриме“.

Стратегот на Атлетико имаше посебно пофални зборови за Рафиња, кој го даде првиот гол за Барселона. Симеоне смета дека Бразилецот е играч кој дефинитивно заслужува да освои Златна топка и тоа требало да се случи досега.

„Кога играте против Барселона, мора многу да трчате и тешко е да ја вратите топката. Рафина е сеприсутен, игра насекаде. Тој постигнува голови, асистира, притиска… Не разбирам како не ја освои Златната топка“, рече Чоло Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести