Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао утревечер од 21 часот играат дерби на шпанската лига, а на прес-конференцијата пред средбата, тренерот на Јорганџиите, Диего Симеоне, на Баскијците им посака да играат финале во Лига Европа. Тоа финале ќе се игра на нивниот стадион „Сан Мамес“ во Билбао.
„Минатата година Билбао имаше одлична сезона, а и оваа сезона истотака. Се надевам дека во Лига Европа ќе имаат можност да стигнат до финалето, кое е на нивен терен. Тоа би било добро за шпанскиот фудбал“, вели Аргентинецот.