Симов потсети: Силекс чекаше четврт век за финале во купот, време е да го вратиме пехарот кај нас

Горан Симов мора да подготви две различни концепции, утре за победа во финалето на македонскиот куп против Академија Пандев, а потоа и за успех во баражот за опстанок, што Силекс ќе го игра за да си го продолжи прволигашкито статус.

Пораншниот голман, сега тренер на Силекс потсети дека кратовци чекаа на финале во националниот Куп на Македонија четврт век, односно од 1997 година, кога ја победија Слога Југомагнат што беше втор триумф за клубот во најмасовното натпреварување.

„Штета ќе биде да не успееме по толку долг период на чекање. Ќе биде идеално да го освоиме пехарот во купот и да се избориме за опстанок во Првата лига. Не чека тежок период, но верувам во двоен успех, бидејќи пехарот во купот нема да ни значи многу, ако не успееме да останеме во Првата лига“, вели Симов.

Утре од 19 часот противник ќе им биде актуелниот бранител на пехарот во купот, екипата на Академија Пандев.

„Шансите во ваков меч секогаш се израмнети, бидејќи финале на куп е специфичен меч. Секој улесник сонува да го крене пехарот, па тоа е и мојата желба, да победиме утре и да го освоиме трофејот, по третпат во клупската историја на Силекс“, изјави Тимовски.

Силекс има три финалиња досега, ова им е четвртото, а освои два трофеи и го чекаат третиот, додека Академија Пандев славеше во 2019 година во единственото финале што досега го одиграа во Купот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести