Синер го испрати Гаске во пензија, крај на кариерата за тенисерот со познатиот бекхенд со една рака (Видео)

Францускиот 38-годишен тенисер Ришар Гаске денеска го одигра својот последен натпревар во професионалната кариера, а простувањето го имаше на централниот терен на „Ролан Гарос“ во Париз.

Некогаш седморангираниот на АТП-листата загуби од Јаник Синер со 3-6, 0-6, 4-6 и стави точка на кариерата.

Гаске повеќе од 20 години професионално ќе остане запаметен по својот карактеристичен бекхенд удар со една рака. Освои 16 АТП-урнири, а на гранслемите најголеми успеси му беа полуфиналиња на Вимблдон и Отворенто првенство на САД опен.

- Оглас -

Најнови вести