Синер: Јас сум еден од најдобрите тенисери, но Новак е Новак

Најдобриот италијански тенисер на сите времиња, Јаник Синер, во едно интервју опиша како се чувствувал по освојувањето на Отвореното првенство на Австралија, а кажа и дека по тој успех не летнал во облаци.

„Чувството беше убаво, но не размислував премногу за тоа како да не бев свесен што се случи. Летот до Италија траеше 20 часа, размислував што би можело да поправам, се прашував зошто губев со 0-2 во сетови, зошто не реагирав порано. Прилично сум приземен, но тоа не значи дека не уживам во моментот“, вели Синер, кој од вчера е трет на АТП-листата, ниеден друг Италијанец во историјата не бил толку високо пласиран на рангирањето.

„Би рекол дека сум еден од најдобрите, но сега и противниците ме знаат подобро, ги знаат моите слабости. Зверев и Медведев играат многу добро, Алкарас веќе освои два гренслема, а две години е помлад од мене. Тука е и Новак, Ноле си е Ноле“, додаде Синер.

- Оглас -

Најнови вести