Фаворитите и на машкиот и на женскиот дел од турнирот во Индијан Велс, без поголеми проблеми дојдоа до победи и пласман во полуфиналето.
Првата носителка на женскиот турнир, Арина Сабаленка, и во четвртфиналето забележа победа без загубен сет, овој пат над Викторија Мбоко од Канада. Белоруската тенисерка го доби превиот сет во тај-брејк со 7-0 на поени, додека во вториот сет славеше со 6-4.
Вториот носител на машкиот дел од турнирот во Калифорнија, Јаник Синер, одигра тренинг-меч против домашниот тенисер, Леарнер Тиен, со оглед дека во двата сета славеше со 6-1 и 6-2.
Лесна победа забележа и четвртиот носител на турнирот во Индијан Велс, Александер Зверев. Германецот со максимални 2-0 (6-2 и 6-3) славеше над 32-риот светски тенисер, Артур Филс од Франција, и на тој начин обезбеди пласман во полуфиналето.

