Сините до крајот на неделава ќе го откријат името на новиот тренер

Англискиот премиерлигаш Челси, до крајот на неделава ќе го избере менаџерот кој ќе ја води екипата следната сезона, објави новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн.

Орштајн смета дека нов предводник на Сините ќе биде Маурисио Покетино.
Покетино тренерската кариера ја започна во 2009 година кога седна на клупата на Еспањол и во шпанскиот тим се задржа три години.

Потоа две години го водеше Саутемптон, а од 2014 до 2019 година беше тренер на Тотенхем. Последен тим во тренерската кариера на Покетино му беше ПСЖ кого го водеше две сезони, и од 2022 година е без ангажман.

Орнштајн открива дека новиот тренер на Челси го избраа спортските директори Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли.

Екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи Франк Лампард кој дојде како привремено решение откако Греем Потер доби отказ.

- Оглас -

Најнови вести