Сините донесоа одлука за иднината на Лукаку

Англискиот премиерлигаш Челси одлучи Ромелу Лукаку повеќе да биде испраќан на позајмица. Белгиецот минатата сезона ја помина во дресот на Интер и тоа како позајмен играл, а Нераѕурите сакаат и наредната сезона Лукаку да игра за нив, повторно како позајмен играч бидејќи немаат пари да го откупат неговиот договор.

Но, управата на Челси одлучи да стави крај на позајмиците и инсистира на продажба на напаѓачот кој не се снајде на „Стемфорд бриџ“.

Голем интерес за Лукаку пројавуваат екипите од Саудиска Арабија кои му нудат 45 милиони евра годишна плата, но Белгиецот смета дека се уште му е рано да се пресели на Блискиот Исток и сака уште некоја година да игра во Европа.

- Оглас -

Најнови вести