Сините поради црвениот картон на Феликс ќе фрлат во бунар 2,4 милиони евра

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс нема по добро да го памети дебито во Премиер лигата бидејќи заработи црвен картон, а тоа скапо ќе го чини и Челзи.

Англиските медиуми пресметаа дека црвениот картон на Жоао Феликс, Сините ќе ги чини 2,4 милиони евра.

Имено, премиерлигашот плати 11 милиони евра за шестмесечната позајмица на Феликс и ќе му ја покрие целата плата до крајот на сезоната, што се дополнителни 6,7 милиони.

Во времето кога потпиша Португалецот, Челзи имаше сигурни 21 натпревар до крајот на сезоната, па кога ќе се подели вкупниот трошок, Феликс би ги чинел Сините околу 800.000 евра неделно.

Бидејќи суспензијата за директен црвен картон во Премиер лигата е најмалку три натпревари, тоа значи дека Челзи фрлил во бунар 2,4 милиони евра.

Дополнителен проблем за менаџерот Греам Потер е што нема да може да смета на Феликс на три тешки натпревари – Ливерпул, Вест хем и повторно против Фулам.

- Оглас -

Најнови вести