7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Синот на Буфон го постигна првиот хет-трик во кариерата, и тоа во дресот на Чешка

Луис Буфон е 18-годишниот син на легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој сепак го носи репрезентативниот дрес на Чешка. Тинејџерот реши да игра за Чешка благодарение на неговата мајка, познатата манекенка Алена Седерова.

Младиот Буфон играше за У18 селекцијата на Чешка, а сега е дел и од У19 репрезентацијата која настапува на Светското првенство. Чешка ја помина групната фаза благодарение на победата од 6:1 против Таџикистан, меч на кој Луис Буфон го постигна првиот хет-трик во кариерата.

Интересно е тоа што Чешка во 16-финалето за противник ја доби токму Италија, што ќе биде посебен предизвик за Буфон јуниор. Младиот Буфон настапува во италијанската Серија А за тимот на Пиза, а сезонава веќе одигра два меча во најсилното натпреварување во оваа земја.

 

- Оглас -

Најнови вести