Синот на Дрогба ќе игра во Италија

Исак Дрогба, sинот на легендарниот голгетер Дидие Дрогба, потпиша за тимот на Фолгрое Каратесе, кој е дел од четвртата италијанска лига. Исак е роден во декември 2000 година во Париз, а како тинејџер беше дел од младинската селекција на Челзи.

Исак Дрогба потоа играше за Генгамп во Франција, а сега ќе игра во четвртата лига во Италија. Екипата на Фолгрое Каратесе на својата официјална страница се пофали дека во своите редови го има синот на еден од најдобрите голгетери во изминативе 30-тина години.

„Објавуваме дека за нашиот клуб потпиша Исак Дрогба, синот на Дидие“, стои во објавата на тимот кој се натпреварува во Серија Д.

Дидие Дрогба во Челзи играше осум сезони, период во кој даде 164 гола во 381 натпревар. Со Челзи освои 14 трофеи, вклучувајќи го и пехарот од Лигата на шампиони во 2012 година.

 

- Оглас -

Најнови вести