Прославениот НБА кошаркар Двејн Вејд уште пред три години откри дека неговиот малолетен син Зион сака да биде девојче. Во изминатиов период, Зион се изјаснуваше дека е трансродна личност, а од вчера и официјално има документи дека е девојче и тоа по име Заја.
„Зион дојде дома и ни рече „Сакам да зборувам со вас. Спремен сум да направам голема промена. Сакам да ме викате ‘ОНА’ и да ме викате Заја“, откри Вејн во едно телевизиско шоу.
View this post on Instagram
Вејд играше во НБА од 2003 до 2019 година, а започна во Мајами хит, каде беше дел до 2016 година. Потоа, играше и за Чикаго и Кливленд, а на крајот повторно заврши во Мајами каде и ја одигра последната сезона во кариерата. Тој беше 13 пати дел од ол-стар тимот, а еднаш беше и МВП на финалето во НБА. Три пати беше НБА шампион, а дресот со бројот 3 веќе не се користи во тимот на Мајами.