Синот на Диего Симеоне е најдобриот Аргентинец во Европа, а сега се израмни со легендата (ФОТО)

Верувале или не, најдобриот Аргентинец во досегашниот тек од оваа сезона во топ пет лигите од Европа игра во Верона.

Станува збор за Џовани Симеоне, којшто ѝ донесе победа на Верона над Џенова од 1:0 и по 16-ти пат во оваа натпреварувачка година се запиша во листата на стрелците во Серија А.

Синот на Диего Симеоне погоди во петтата минута од средбата и со тоа се истакна како најефикасен и најдобар Аргентинец во Европа во оваа сезона со учинок од 16 гола и три асистенции оставајќи ги останатите играчи од Гаучосите далеку зад себе.

Со тоа, Џовани е вториот фудбалер во историјата на Верона којшто во една сезона успеал да постигне повеќе од 15 погодоци, а досега такво нешто му успеало на легендарниот Лука Тони, кој своевремено беше еден од најдобрите светски напаѓачи.

- Оглас -

Најнови вести