Сирил ќе го памети Атлетико – Им даде два гола на младинците, вечер ќе дебитира во ЛШ против сениорите

Сирил Нгонге ќе го памети по убаво Атлетико Мадрид ако вечер се остварат најавите за настап на 18-годишното крило на Бриж против популарните „јорганџии“.

Нгонге е најавен во стартната постава на Бриж на дуелот со Атлетико од 21 часот и ако игра, тоа ќе му биде деби-настап во Лигата на шампионите.

Белгискиот клуб игра меч без резултатско значење, бидејќи сигурно ќе ги заврши натпреварите во групата А како третопласирана екипа и ќе продолжи да игра во Лигата на Европа. Тоа му остава широк простор на Иван Леко да им даде шанса на помладите играчи да го почуствуваат вкусот на Лигата на шампионите.

Осумнаесетгодишниот фудбалер само пред два месеца со два гола ги нокаутира младите „јорганџии“ во меч од младинската Лига на шампиони. Бриж славеше против Атлетико со 2-1, а Сирил беше стрелец на двата гола.

За Нгонге велат дека е еден од најталентираните фудбалери во Белгија, а и татко му беше солиден играч и во финишот на минатиот век две сезони играше за англиски Ватфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести