Викендот пристигна, а на понудата во Sport Life име преку 700 натпревари кои ги имате на располагање за правење добитен тикет. Тоа што е интересно за овој викенд е тајмингот според кој најатрактивните клубови се распоредени за своите мечеви.
Шоуто ќе започне денеска во 13:30 часот со дуелот Евертон – Манчестер јунајтед. Карамелите имаа одличен старт со четири победи во низа, но потоа застанаа, Манчестер јунајтед има катастрофален старт со само две победи во шест меча и Оле Гунар Солскјер е под притисок дека мора да победи.
Во 16:15 часот Барселона ја пречекува Бетис. Каталонците се огромни фаворити, но фактот дека го имаат најлошиот старт во последните 18 години, може да влева шанси и за госите. Најискусниот играч на Бетис, Хоакин вели дека шансата на Бетис е тоа што Барселона на клупата го има Роналд Куман, човекот кој не би го земал да му биде хаусмајстор.
По дуелот на „Камп Ноу“, од 18:30 часот се очекуваат два нови многу интересни средби. Во германската Бундеслига, меѓусебе ќе играат главните фаворити за титулата. Борусија Дортмунд е домаќин на Баерн Минхен. Германскиот и европски првак едноставно ги меле противниците, но тренерот Ханс Флик е незадоволен од играта во одбраната и тоа може да биде шанса за Милионерите од Дортмунд.
Во исто време кога ќе се игра Класикото во Бундеслигата, во Англија ќе игра Челзи и тоа на домашен терен против Шефилд. Домаќините се големи фаворити за победа, а еден од проблемите на Френк Лампард ќе биде неиграњето на големото засилување од Бундеслигата, кој е заразен со Коронавирусот.
Денешните возбудувања во Топ 5 лигите треба да завршат со два меча од 21 часот на кој има изразити фаворити. Атлетико во Мадрид е домаќин на Кадиз, додека францускиот првак Пари Сен Жермен не треба да има тешка задача за да ги освои трите бода против Рен на „Паркот на принцовите“.
Утрешната програма стартува во 12:30 часот и тоа со дерби во Серија А. Лацио е домаќин на Јувентус. Лацио е тим кој четири пати во последните осум меча успеал да ја слави против Старата дама, па овој меч ќе биде посебно интересен. Италијанскиот првак ќе биде под посебен притисок затоа што во последните пет кола дури три пати ремизираше.
Во 15 часот се игра уште еден возбудлив дуел во Серија А на кој Аталанта е домаќин на Интер. Потоа возбудувањата ќе се префрлат во Англија, затоа што во Премиер лигата од 17:30 часот ќе се игра дербито на двата последни шампиони меѓу Манчестер сити и Ливерпул. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека ова е посебен меч за двата тима.
Дербито во Франција е закажано за в недела од 21 часот, а играат традиционалните ривали Лион и Сент Етјен. Во исто време во Валенсија ќе гостува Реал Мадрид.
На толку квалитетни, интересни и сигурно неизвесни дуели, едноставно мора да се направи добитен тикет во Sport Life. Ваш е изборот на мечеви, со среќа.