Гвардиола: Мечот против Ливерпул е како американските избори

Манчестер сити во недела ќе биде домаќин на Ливерпул во дербито од осмото коло на англиската Премиер лига, а тоа ќе биде добра шанса за Граѓаните да потврдат дека имаат сили да парираат на актуелниот шампион. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола на свој уникатен начин објасни што значи ова дерби во Премиер лигата.

„Ова е важен меч, нешто како американските избори за претседател. Сите гласови мораат да бидат пребројани. Уште многу мечеви има до крајот на сезоната и рано е да се каже дека овој дуел ќе го реши шампионот“, рече Гвардиола.

Ливерпул на ова гостување доаѓа со многу оптимизам затоа што тимот на Јирген Клоп има пет победи во низа. И Сити е во добра форма и има осум натпревари без пораз. Кога се работи за меѓусебните дуели, Ливерпул последен пат во првенството се радувал како гостин против Сити пред точно пет години кога победи со 4:1 во Манчестер.

 

- Оглас -

Најнови вести