Куман не би го зел ни хаусмајстор да ми биде

Барселона го има најлоштиот старт во Примера дивисион во последните речиси 20 години, па по шест одиграни меча, има само осум освоени бодови. Со овој биланс, каталонскиот гигант е на 12-тото место на табелата, а утре на „Камп ноу“ го пречекува Бетис.

Овој меч ќе биде посебно интересен по доаѓањето на некогашниот шпански репрезентативец Жоакин, кој сега ги брани боите на Бетис. Легендарниот фудбалер кој зад себе има 20-годишна кариера воопшто не го сака тренерот на Барселона, Роналд Куман.

Жоакин и Куман соработуваа во 2007 година, кога Холанѓанецот беше назначен за тренер на Валенсија, а крилниот напаѓач го носеше дресот на Лилјаците. Куман со Валенсија го освои Купот на Шпанија, но останатите резултати му беа катастрофални. Тимот заврши на последното место во групата од Лигата на шампионите, а Куман доби отказ само по пет месеци работа во Валенсија, откако загуби со 5:1 од Атлетик Билбао. Вкупниот биланс на холандскиот стратег во Валенсија беше само 11 победи во 34 меча, а Жоакин вели дека токму Куман го уништил тој тим.

„Работата со Куман во Валенсија сигурно не е едно од моите добри искуства. Ми беше многу лошо со него во Барселона. Само за пет месеци го уништи тимот кој можеше да биде одличен. Освен што се покажа како лош тренер, тој покажа дека е и лош човек. Никогаш не сакаше никому да му каже директно, туку зборуваше зад грб, а кога доби отказ, не се ни поздрави со играчите, што е практика кај тренерите. Не би го земал Куман да ми биде ниту хаусмајстор и сигурно нема да се поздравам со него ни пред, ни по мечот“, вели Жоакин, кој вели дека сега е вистински момент за Бетис да се обиде да ја изненади Барселона на „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести