Англиските навивачи кои се во Скопје и вечер се очекуваат на трибините да бидат околу 2.300, стационирани се на кејот покрај Вардар, а овој дел е заграден и пристап имаат само Англичаните и полицијата.
Вечерва гостинските фанови пешки ќе се упатат кон стадионот.

Стандардно, тие се загреваат со пиво.

Има и доста полиција, која се грижи да биде мирно и без инциденти.

Поставени се огради од плоштадот Македонија до хотелот „Холидеј ин“, во тој заграден дел смеат да се движат само англиски фанови.




 
                                    