Сите среќни и задоволни: Кога е гол – офсајд е, а ако нема ништо, пенал е!

Репрезентацијата на Аргентина води со 1-0 по првото полувреме на дуелот со Саудиска Арабија, стрелец беше Лионел Меси од пенал, а токму со тој пенал почна судиското шоу на овој меч.

Аргентина треба да биде задоволна што води и оди кон победа, а Саудијците се задоволни што не губат со неколку голови разлика.

Аргентинците седум пати беа фатени во офсајд-позиција и за малку не го урнаа рекордот од девет офсајди на еден тим во прво полувреме на меч од Светско првенство.

На Гаучосите им беа поништени дури три гола, сите поради офсајд, а фаворитот до водство дојде преку пенал, кој беше многу доцна досуден, повеќе од една и пол минута по фаулот.

 

- Оглас -

Најнови вести