Сите ученици во Малме имаат оправдание за отсуство од настава, Златан им гарантира

Златан Ибрахимовиќ со оригинален „твит“ ја најави церемонијата за неговата статуа. Настанот ќе се одржи утре, во 15 часот, пред стадионот на Малме, а Златан ги повика сите ученици од тој град да присуствуваат на церемонијата гарантирајќи им дека ќе добијат оправдување за отсуство од настава.

„Шведска, Малме, се гледаме утре на церемонијата пред стадионот на Малме, каде што ќе ја обелоденат мојата статуа. Златан им гарантира на сите ученици оправдано отсуство од настава со цел да присуствуваат на настанот“, се огласи Ибрахимовиќ преку својот „твитер-профил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести