Сити без Агуеро, а Кардиф може со втор тим, меч што „плаче“ да се игра на голови

Манчестер сити е голем фаворит во дуелот против Кардиф, а доколку нема изненадување на теренот, во Премиер лигата ќе има нов лидер. „Граѓаните“ моментно се два бода зад Ливерпул, но со триумф на свој терен, вечерва може да поведат во трката за тронот.

Во есенскиот дел од сезоната, Сити немаше милост против Кардиф и победи со 5-0, па и вечерва се очекува сличен епилог. Фаворитите сигурно ќе играат без првиот напаѓач Серхио Агуеро, но тоа не би требало да биде проблем.

„Серхио не тренираше во последните два дена и нема да биде на теренот за дуелот против Кардиф. Можеби ќе игра против Брајтон в сабота, но и за тоа треба да причекаме“, рече тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

За разлика од Сити, Кардиф грчевито се бори за опстанок. Тимот моментно е во зоната за испаѓање и ќе мора да освојува поени ако сака да се спаси. Сепак, поени на гости кај шампионот е речиси невозможна работа. Тренерот на Кардиф, Нил Ворнок, уште е разочаран поради начинот на којшто неговиот тим загуби во минатото коло, кога Челзи со гол од офсајд во 86-тата минута израмни на 1-1, а потоа лондончани дадоа и втор погодок за победа.

Ворнок тогаш рече дека најлошите судии се во Премиер лигата и дека дури размислува во знак на протест против Сити да игра со втор состав. Без разлика дали Кардиф ќе биде со втор состав или со најдобрите, овој меч „плаче“ за погодоци, посебно ако се знае дека на последните четири меѓусебни средби имало дури 18 голови, односно 4,5 по меч.

 

- Оглас -

Најнови вести